Најмалку еден цивил загина, а пет лица се ранети во руски ракетен напад врз градот Суми во североисточна Украина, соопшти локалната полиција.
– Непријателски проектил синоќа погоди образовна институција. На лице место има полицајци кои ги проценуваат последиците од нападот, се вели во соопштението на украинската полиција на Телеграм.
Локалните власти на Телеграм соопштија дека во областа и во моментов е прогласена тревога за можни напади.
На почетокот на јули три лица загинаа, а 21 беа ранети во напад на руски дрон врз градот Суми, во североисточна Украина. (МИА)