петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украинската армија демантира дека ја почнала најавуваната контраофанзива

Украинската армија демантира дека ја почнала најавуваната контраофанзива

Украинската армија денеска ја демантираше веста објавена од Ен-би-си Њуз (NBC News) дека почнала контраофанзива против руските сили.

„Немаме такви информации. И не коментираме анонимни извори“, изјави за британските медиуми портпаролот на Генералштабот на украинските вооружени сили.

Претходно, Ен-би-си Њуз, повикувајќи се на висок анонимен офицер и војник во близина на првите борбени линии, објави дека украинската војска ја почнала долгоочекуваната контраофанзива.

По неколкумесечниот напредок во украинската воена кампања, што може да се покаже како одлучувачки во намерите на Киев да ја врати окупираната територија, новиот бран напади е насочен кон југоисточните линии на фронтот, пренесе Ен-би-си Њуз.

Украинската влада досега соопшти дека нема да има јавна најава за почеток на офанзивата, а портпаролот на украинската армија одби да ги коментира тековните воени операции.