петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украинската армија изврши 14 воздушни напади врз позициите на руската војска

Украинската армија изврши 14 воздушни напади врз позициите на руската војска

Украина вчера изврши 14 воздушни напади врз позициите на руската војска, соопшти Генералштабот на украинската армија на Фејсбук.

– Нашите бранители уништија два противвоздушни ракетни системи, тврди ГШ на украинската армија.

Во соопштението се посочува и дека украинските ракети и артилерија вчера погодиле три контролни пунктови, пет магацини за муниција и три артилериски единици.

– Русија ги концентрира своите воени напори во правците Лиман, Бахмут, Авдивка и Маринка, истакнува ГШ на украинската армија.  (МИА)