вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Украински функционер ги негира обвинувањата на Русија за напад на Белгород

Украински функционер ги негира обвинувањата на Русија за напад на Белгород

Највисокиот функционер за безбедност на Украина ги отфрли обвинувањата на Русија дека Украина стои зад нападот на складиштето за нафта во рускиот град Белгород.

Во говор на националната телевизија, секретарот на Советот за безбедност Олексеј Данилов ги негираше руските обвинувања.

-Поради некоја причина тврдат дека сме го направиле тоа, но според нашите информации тоа не соодветствува со фактите, рече Данилов.

Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков претходно денеска изјави дека пожарот што избувна во складиште за нафта во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина е предизвикан од воздушни напади што ги извршиле два украински хеликоптери, кои навлегле во рускиот воздушен простор. (МИА)