Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба ги повика руските мајки, сопруги и ќерки да ги повикаа мажите дома, затоа што во Украина не ги чекаат со цвеќе туку со оружје.
-Мајки, сопруги, ќерки на руските војници! Повикајте ги мажите дома! Тие дојдоа во туѓа земја, за да убиваат невини луѓе, за да ги уништат нашите домови. Вашата Влада лаже. Украинскиот народ ги чека со оружје, не со цвеќе. Барајте од властите да ја прекинат војната, спасете ги вашите сакани, пишува на социјалната мрежа на Твитер Кулеба.
Матери, жёны, дочери русских солдат! Заберите своих мужчин домой. Они пришли на чужую землю убивать невинных людей, разрушать наши дома. Ваша власть врет. Народ Украины встречает их с оружием, а не цветами. Требуйте от власти остановить захватническую войну,спасите своих близких! pic.twitter.com/fCtsiLRw3R
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) February 26, 2022