понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украинскиот фудбалер скршен од болка од глетката – овде се играше Лигата на шампионите, сега градот е „срамнет до земја“ од непријателот (ВИДЕО)

Украинскиот фудбалер скршен од болка од глетката – овде се играше Лигата на шампионите, сега градот е „срамнет до земја“ од непријателот (ВИДЕО)

Фудбалерот на Аталанта Руслан Малиновски сподели на својот Твитер профил потресни снимки од Украина за време на војната со Русија.

Фудбалерот се реши да и покаже на јавноста ужасни снимки од неговата татковина особено од градот Харков каде се играше и меч од Лигата на шампионите пред две години помеѓу Аталанта и Шахтор.

Инаку во меѓувреме многу спортисти од Украина се облекоа во војничка униформа и заминаа во борба против непријателот, дел од нив се и тенисерот Сергеј Стаховски како и браќата боксери Кличко.