петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украинските сили истрелаа 40 ракети кон Доњецк, кој е под руска контрола

Украинските сили истрелаа 40 ракети кон Доњецк, кој е под руска контрола

Украинските сили го гранатираа источниот град Доњецк, кој е под руска контрола, во еден од најголемите напади во последниве години, изјавија денеска официјални претставници испратени од Русија во анектираните области.

„Токму во 7 часот утринава, центарот на Доњецк беше цел на најмасовниот напад од 2014 година“, изјави на Телеграм Алексеј Кулемзин, градоначалник на Доњецк, поддржан од Русија.

„Врз цивилите во нашиот град беа истрелани 40 ракети од повеќецевни фрлачи БМ-21 Град, додаде Кулемзин.

Тој го опиша нападот како воено злосторство.