Снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа во Чернобил се уште не е обновено и покрај тврдењата на Русија дека е поправена од белоруски експерти, соопшти украинскиот државен регулатор за нуклеарна енергија.
Во соопштението, Државниот нуклеарен регулаторен инспекторат на Украина вели дека се прават обиди да се врати надворешното напојување на локацијата.
Украина предупреди на зголемен ризик од истекување на радијација во Чернобил, кој е окупиран од руските сили, откако за време на борбите беше отсечен кабел со висок напон и беа прекинати електраните.
Во четвртокот руското Министерство за енергетика објави дека белоруски експерти го обновиле снабдувањето со електрична енергија, а руското Министерство за одбрана соопшти дека се согласило да му дозволи на украинскиот тим за поправка да пристапи до далноводите во областа околу електраната.
Но, Украина ѝ кажа на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека „сите комуникации се изгубени еден ден откако локацијата контролирана од Русија ја загуби сета надворешна моќ“.
Украинската воена разузнавачка служба денеска, без да презентира јасни докази, објави дека „можно е Русија да подготвува напад на централата во Чернобил, за што окупаторите ќе се обидат да ја префрлат одговорноста на Украина“.