вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Украинските власти велат дека ситуацијата е „критична“ по руските удари врз енергетски локации

Украинските власти велат дека ситуацијата е „критична“ по руските удари врз енергетски локации

Ситуацијата во Украина е „критична“ по бранот руски напади насочени кон енергетската инфраструктура на земјата пред зимата, соопшти украинското претседателство.

„Ситуацијата е критична сега низ целата земја бидејќи нашите региони се зависни еден од друг… неопходно е целата земја да се подготви за прекини на струја, вода и греење“, нагласи Кирило Тимошенко, заменик шеф на кабинетот на украинскиот претседател за Украинската телевизија.

Руски ракетни напади утринава погодија инфраструктурни локации низ Украина, јавија запдни медиуми додавајќи дека се чини дека Русија ја засилува својата кампања за уништување на капацитети за електрична енергија и вода во државата пред почетокот на зимата.

Градоначалникот на Житомир, град со 263.000 жители, рече дека нападите го прекинале снабдувањето со електрична енергија и вода, а според Тимошенко, две експлозии речиси уништѕиле енергетски објект во југоисточниот град Днепар, каде живеат речиси милион луѓе.

Едно лице загина во пристанишниот град Миколаев на југот на Украина, откако ракета погоди станбена зграда, соопштија локалните власти. Очевидци рекоа дека слушнале три експлозии во раните утрински часови. Според нив, проектил целосно уништил еден дел од зграда во центарот на градот, оставајќи зад себе огромен кратер.

„Во Миколаев непријателот уништи станбена зграда со ракети С-300. Едно лице загина. Погоден е и цветен пазар. Се прашувам против што се бореле руските терористи во овие апсолутно мирни објекти“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Телеграм“.

Погоден е и енергетски објект во северен Киев, изјавија очевидци и украински официјални лица.

Напади врз енергетски објекти беа пријавени и во градот Харков, што се наоѓа во близина на границата со Русија.

На почетокот на овој месец, Русија го назначи генерал Сергеј Суровикин да раководи со она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ во Украина. Наречен „Генерал Армагедон“ од руските медиуми поради неговата воочена цврстина, неговото назначување доведе до најголемиот бран на ракетни напади против Украина од почетокот на руската инвазија.

Москва негира дека цели врз цивили. Руското Министерство за одбрана тврди дека врши напади врз воени цели и енергетска инфраструктура низ Украина користејќи високопрецизно оружје.