четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украинските власти во Луганск ги повикаа жителите да се евакуираат

Украинските власти во Луганск ги повикаа жителите да се евакуираат

Властите во источниот украински регион Луганск се надеваат дека денеска ќе ги евакуираат цивилите преку пет „хуманитарни коридори“ и ги повикаа жителите да заминат „додека е безбедно“.

Официјален Киев соопшти дека руските трупи се прегрупираат и се подготвуваат за нова офанзива во областа Донбас, која го опфаќа Луганск.

– Ќе ги извлечеме сите ако Русите ни дозволат да стигнеме до зборните места за евакуација. Бидејќи, како што можете да видите, тие не секогаш ги почитуваат прекините на огнот, напиша гувернерот на регионот Луганск, Сергеј Гајдаи на Телеграм.

– Апелирам до секој жител на регионот Луганск – евакуирајте додека е безбедно … Додека има автобуси и возови – искористете ја оваа можност, нагласи тој.