Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југозападниот дел на Полска.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 32 километри северно од градот Легница.
Нема податоци за евентуални жртви и предизвикана материјална штета.