Околу 90 проценти од украинското население би можело да се соочи со сиромаштија доколку продолжи војната, се наведува во соопштението на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
– Секој ден на одложен мир ќе го забрза слободното пад во сиромаштија, предупреди УНДП, додавајќи дека војната може да остави „длабоки социјални и економски лузни врз идните генерации.
Според администраторот на УНДП, Ахим Штајнер „акутните влијанија од продолжената војна сега стануваат поочигледни“.
– Алармантниот економски пад, страдањата, тешкотиите на веќе трауматизираното население сега мора да бидат во поостар фокус. Има уште време да се запре оваа мрачна траекторија, истакна Штајнер.