петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УНЕСКО: Третина од глечерите заштитени како светско наследство ќе исчезнат до 2050 година

УНЕСКО: Третина од глечерите заштитени како светско наследство ќе исчезнат до 2050 година

Глечерите во Доломитите во Италија, Националниот парк Јелоустоун во САД и планината Килиманџаро во Танзанија најверојатно ќе исчезнат до 2050 година, објави УНЕСКО.

Третина од сите глечери наведени како места на светско наследство на УНЕСКО ќе исчезнат дотогаш како резултат на глобалното затоплување, се вели во извештајот објавен во четвртокот од страна на УНЕСКО со седиште во Париз и Светската унија за заштита на природата (IUCN).

Тие глечери веќе губат 58 милијарди тони мраз секоја година.

Според УНЕСКО, има околу 18.600 глечери распространети на 50 различни места на светско наследство ширум светот.

Заедно, овие глечери покриваат приближно 66.000 квадратни километри и сочинуваат околу 10 проценти од светската површина на глечерите.

Глечерите се топат побрзо од 2000 година поради повисоките емисии на CO2.

Две третини од преостанатите глечери во областите на светското наследство сè уште би можеле да се спасат ако напорите за глобалното затоплување се ограничат на помалку од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.

Експертите, сепак, тврдат дека само радикалните мерки и големиот глобален политички ангажман би можеле да го задржат растот на температурите под порастот од 1,5 степени.

Генералниот директор на УНЕСКО Одри Азулај го опиша извештајот како „повик за акција“ за светот да се бори против климатските промени пред меѓународната климатска конференција COP27 во Египет.

– Само брзото намалување на нашите нивоа на емисија на CO2 може да ги спаси глечерите и извонредната биолошка разновидност што зависи од нив, рече Азулеј.