среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Унгарската полиција приведе над 600 мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата

Унгарската полиција приведе над 600 мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата

Од петокот до вчера, унгарската полиција приведе или затекнаа 613 мигранти во обид илегално да ја преминат српско-унгарската граница, соопшти денеска унгарската полиција.

Минатиот викенд, полициските и воените патроли затекнаа 240 лица на територијата кои не можеа да го докажат својот законски престој во Унгарија.

Според унгарскиот закон, сите илегалци биле придружувани до оградата на унгарско-српската граница.

Во изминатите три дена, полицијата и војниците спречија 373 мигранти илегално да ја преминат унгарската територија, да прескокнат или да ја пробијат оградата на границата, а против 11 лица поднесени се кривични пријави поради криумчарење луѓе, соопшти унгарската полиција, пренесува РТС. (МИА)