вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УНХЦР ја повика Турција да ја укине вонредната состојба пред изборите

УНХЦР ја повика Турција да ја укине вонредната состојба пред изборите

Високиот комесар за човекови права на ОН, Зејд Раад Хусеин, денеска ја повика Турција веднаш да ја укине вонредната состојба за да создаде нормални услови за избори.

– Тешко е да се замисли како можат да се спроведат веродостојни избори во средина каде што различните мислења и несогласувања со владејачката партија се казнуваат толку строго, рече Хусеин.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган свика предвремени претседателски и парламентарни избори на 24 јуни. Во исто време, вонредната состојба беше продолжена по седми пат. Таа првпат беше воведена по обидот за државен удар во јули 2016 година и оттогаш е продолжувана на секои три месеци.

Во извештајот од март, Високиот комесаријат на ОН за човекови права (ИНХЦР) ја критикуваше турската Влада за масовните апсења, за произволни отпуштања од работа и други злоупотреби, што во некои „случаи е еднакво на колективно казнување“.

(Миа)