Повеќе од 50.000 украински бегалци ја напуштија земјата за помалку од 48 часа, изјави високиот комесар за бегалци при ОН, Филипо Гранди, додавајќи дека повеќето отишле во Полска и Молдавија, пренесува Си-Ен-Ен.
„Повеќе од 50.000 украински бегалци ја напуштија земјата за помалку од 48 часа, повеќето од нив во Полска и Молдавија, а многумина се движат кон границите. Од срце им благодарам на владите и народите на земјите кои ги отворија границите и ги пречекуваат бегалците“, напиша Гранди на Твитер.
Агенцијата на ОН за бегалци претходно процени дека десетици илјади луѓе ќе бидат раселени поради рускиот напад на Украина. Агенцијата на ОН информира дека ќе ги зајакне операциите и капацитетите во Украина и соседните земји.