четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уништен руски тенк со противтенковска ракета (ВИДЕО)

Уништен руски тенк со противтенковска ракета (ВИДЕО)

Украинските вооружени сили објавија воздушна снимка, на која тврдат дека покажува уништување на руски тенк со противтенковски проектил од типот Javelin.

– руски тенк. Прекрасно гори! Слава на Украина – објави украинската армија на Твитер со видео чија автентичност се уште не е потврдена.

Противтенковските ракети од типот Javelin се американско производство, а Западот испрати голем број од овие проектили на Украинците во пресрет на руската инвазија.