среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Урсула фон дер Лајен ќе ги претстави кандидатите за нови еврокомесари

Урсула фон дер Лајен ќе ги претстави кандидатите за нови еврокомесари

Новоименуваната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе ги претстави кандидатите за нови еврокомесари и нивните задолженија.

Областа на политиката за проширување на Европската унија може да ја добие комесар кој доаѓа од земја на Вишеградската група или од Југоисточна Европа.

Словенечкиот дипломат Јанез Ленарчиќ и поранешниот унгарски министер за правда Ласло Трохани се двете најчесто споменувани имиња за новиот комесар за проширување на ЕУ. Се споменува и грчкиот претставник, досегашниот портпарол на Европската комисија, Маргаритис Шинас.

Како што пренесуваат светските агенции, иако Фон дер Лајен ја заклучи листата на комесари кои во наредните пет години треба да го претставуваат нејзиниот тим, еден ден пред закажаната конференција и официјалното објавување на распределбата на функциите во новиот состав на ЕК во Брисел немаше конкретни информации кој ќе биде задолжен за ЕУ политиката.

За идните комесари и нивните функции ќе расправа и Европскиот парламент.