Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Твитер објави дека уште пет европски сојузници обезбедуваат помош за пожарникарите, кои се борат со осум големи шумски пожари низ целата држава, вклучително и огромен пожар на југозапад во Франција.
– Германија, Грција, Полска и во следните часови Романија и Австрија: нашите партнери и доаѓаат на помош на Франција против пожарите. Ви благодариме. Европската солидарност е на дело!“ напиша Макрон на Твитер.
Франција претходно доби помош од Шведска и Италија. (МИА)