петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ужасни сцени: Три млади лица ѕверски убиени, пријатели масакрирани во Флорида (ВИДЕО)

Ужасни сцени: Три млади лица ѕверски убиени, пријатели масакрирани во Флорида (ВИДЕО)

Полицијата во Флорида затекна ужасна глетка кога ги пронајде мртви телата на три млади лица. Биле блиски пријатели, а последните моменти од животот им биле хорор.

Прво биле ѕверски претепани, а потоа и застрелани во близина на езеро додека рибареле.

„Најдовме ужасна сцена“, изјави шерифот Грејди Џад пред новинарите, додавајќи дека видел многу убиства, но тоа е едно од најстрашните во неговата кариера, објави Фокс Њуз.

Телата на тројца пријатели, 20-годишниот Демион Тилман, 28-годишниот Брендон Ролинс и 30-годишниот Кивин Спрингфилд, како што рече шерифот, биле масакрирани.