Американецот кој поради инцест дошол на светските насловни страни, ја убил својата ќерка, нејзиниот очув и бебето кое го имал со неа.
Потоа си пресудил самиот.
Локалните власти објавиле дека 43-годишниот Стивен Пладл бил пронајден мртов во Њујорк во четвртокот наутро. Телата на неговата ќерка, 20-годишната Кејти Пладл, нејзиниот очув Антони Фуско и 7-месечниот Бенет, детето кое го добил со Кејти, биле пронајдени подоцна во неговата куќа во Северна Каролина.
До трагедијата дошло само два месеци откако Стивен и Кејти Пладл биле обвинети за инцест, откако властите откриле дека таткото и ќерката се венчале и добиле дете.
“Не можам да верувам дека ова се случува”
Локалната телевизија “WTVR” објавила дека Стивен на својата мајка во телефонски разговор и кажал дека го убил малиот Бенет. Полицијата објавила дека мајката на Стивен имала старателство над бебето.
-Син ми ми се јави и ми кажа дека го убил своето дете, рекла шокираната мајка во телефонскиот повик до полицијата.
-Неговата сопруга вчера го остави преку телефон. Таа е во Њујорк и тој ми кажа дека ќе и го однесе детето и потоа ќе се врати, рекла таа.
“Го уби детето. Ми кажа да се јавам во полиција и да не доаѓам таму. Ја убил својата сопруга. Не можам да верувам дека ова се случува”.
Пладл се оженил со својата ќерка минатата година во таен обред, кога веќе била бремена. Во 1998. година Пладл и биолошката мајка Алиша ја дале Кејти на посвојување, а во 2016. година Кејти преку социјалните мрежи ги пронашла своите биолошки родители. По само неколку месеци Пладл и Алиша се разделиле и започнала инцестуозната врска на таткото и ќерката.