недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Вакцината на Фајзер одобрена за деца од 5 до 11 години во Франција

Вакцината на Фајзер одобрена за деца од 5 до 11 години во Франција

Францускиот медицински регулатор ХАС (Haute Autorite de Sante) денеска ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на Фајзер/Бионтек за деца на возраст од 5 до 11 години.

– ХАС сугерира дека сите родители кои сакаат да го направат тоа да можат да ги вакцинираат своите деца на возраст од 5 до 11 години, рече докторка Лиз Алтер, која е задолжена за проценка на ризикот од нови лекови.

Таа додаде дека вакцината што ќе им се дава на децата покажала висока ефикасност на таа возраст.

Минатата недела Франција почна да ги вакцинира децата со здравствени проблеми за кои е потребна посебна заштита.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека е за вакцинирање на децата, но додаде дека конечната одлука треба да ја донесат родителите.