четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вашингтон ќе ги бојкотира состаноците на Г20 на кои ќе присуствува Русија

Вашингтон ќе ги бојкотира состаноците на Г20 на кои ќе присуствува Русија

Американската министерка за финансии Џенет Јелен, која ќе ги претставува Соединетите Американски Држави на претстојниот министерски состанок на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот (Г20), ќе бојкотира некои од состаноците на кои ќе присуствува Русија.

Неименуван претставник на американското Министерство изјави дека САД и нивните сојузници ќе продолжат со „заедничките напори да го зголемат економскиот притисок врз Русија“.

Г20 го сочинуваат 19 земји и Европската унија, вклучувајќи ги Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија. (МИА)