недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вашингтон пост: САД извршија притисок врз Израел да ги вклучи комуникациските мрежи во Газа

Вашингтон пост: САД извршија притисок врз Израел да ги вклучи комуникациските мрежи во Газа

САД извршија притисок врз Израел да ги обнови комуникациите во Газа, откако беа исклучени во петокот вечерта додека израелските сили ја почнаа првата фаза од својот копнеен упад во енклавата, пишува Вашингтон пост, цитирајќи американски официјален претставник.

Официјалниот претставник вели дека Израел не навел причина за исклучување на комуникациските врски.

„Јасно ставивме до знаење дека мора повторно да се вклучат комуникациите“, изјави американскиот функционер за весникот. Според медиумот, израелските власти подоцна извршиле повторно вклучување на комуникациските мрежи.

Палестинските медиуми доцна синоќа јавија дека дел комуникациски врски во северниот дел на Газа повторно се прекинати.   (МИА)