Велигденската вечера се претворила во пекол за маж од американскиот град Алтамонт Спрингс на Флорида, откако неговата поранешна девојка го запалила и оставила да изгори.
Шивон Перез го повикала своето поранешно момче на вечера во својот стан и го замолила да ја поправи цевката во тоалетот која била расипана. Кога легнал тој на подот за полесно да ја поправи цевката, Перез го полила со бензин и запалила.
Woman set ex-boyfriend on fire after inviting him over for Easter dinner, cops say https://t.co/OZpR1oH1xL
— Fox News (@FoxNews) April 4, 2018
Потоа го заклучила и пробала да го задржи да не излезе од куќата, но тој на среќа успеал да побегне. Однесен е во болница со тешки изгореници на градниот кош, вратот и лицето.
Перез е уапсена после излегувањето од болница, каде завршила поради голтањето чад. Таа е обвинета за убиство со предумисла.