понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Велика Британија ќе и праќа на Украина додатна воена помош

Велика Британија ќе и праќа на Украина додатна воена помош

Обединетото Кралство на Украина ќе и овозможи додатна воена поддршка, вклучувајќи и оружје, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, јавува Си-Ен-Ен.

– Поради заканувачкото однесување на Русија и во склоп со нашата претходна поддршка, Обединетото кралство наскоро ќе и овозможи додатен патек воена поддршка на Украина, им соопшти Џонсон на пратениците во британскиот парламент.

Џонсон исто така нагласи дека финансиската санкција која ја воведе Велика Британија ќе ја спречи Русија да го зголеми својот државен долг.

Велика Британија во вторникот соопшти дека ќе ги санкционира членовите на рускиот парламент кои гласале за признавање на независност на двете области во источна Украина. Тие санкции се додаток во низата мерки воведени против пет руски банки и три личности кои ги најави британскиот премиер.

Русија овие санкции ги нарече „илегални“.