Велика Британија може да воведе забрана за продажба на автомобили со мотори на фосилни горива пет години порано во однос на првичниот план.
„Фајненшл тајмс“ и Би-Би-Си информираат дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе објави забрана за продажба на автомобили со СУС мотори, што ќе стапи во сила во 2030 година, пет години порано од првично планираното.
Продажбата на хибриди би била дозволена до 2035 година, но возилата со „чист“ бензински и дизел мотор може брзо да исчезнат од продажните салони.
Забрзувањето на плановите, наводно, има врска со намерата да се зголеми продажбата на електрични автомобили со цел Велика Британија да се доближи до целите за климатските промени. Владата е подготвена да потроши 500 милиони фунти за изградба на инфраструктурата потребна за полнење електрични автомобили.
Се очекува Џонсон да го објави планот во наредните денови.
Локалните медиуми коментираат дека производителите на автомобили веројатно нема да бидат задоволни од одлуката, што може да влијае на британскиот пазар.203