Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова денеска изјави дека утринскиот ракетен напад на железничката станица во источниот град Краматорск, што беше преполна со луѓе кои се обидуваа да се евакуираат, е „злосторство против човештвото“.
Во рускиот напад загинаа најмалку 50 лица, меѓу кои и пет деца, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.