среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Верешчук: Петнаесет автобуси за евакуација тргнаа од Запорожје кон Мариупол

Верешчук: Петнаесет автобуси за евакуација тргнаа од Запорожје кон Мариупол

Хуманитарен коридор од опколениот југоисточен украински град Мариупол, денеска ќе биде во функција и покрај доцнењата и тешкотиите да се задржи рутата отворена за евакуација.

-Рутата ќе биде за приватен превоз. Петнаесет автобуси за евакуација веќе заминаа од Запорожје за Мариупол, изјави Ирина Верешчук, украинската вицепремиерка и министерка за реинтеграција на привремено окупирани територии.

Таа додаде дека ќе се продолжи и со евакуацијата на луѓето од Северодонецк, Попасна, Лисичанск, Рубижне и селото Нижни во регионот на Луганск, мислејќи на заедниците на истокот на Украина, кои беа под интензивни борби и под силно гранатирање. (МИА)