Втор ден по ред нема да има евакуација на украинските цивили од областите погодени од војна, бидејќи украинските и руските власти не успеаја да се договорат за хуманитарни коридори, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, а јави Би-би-си.
„Поради безбедносни причини беше одлучено денеска да не се отвораат хуманитарни коридори“, напиша Верешчук на апликацијата Телеграм.
Таа ги обвини руските сили за блокирање и гранатирање на патиштата за бегство.
„Со кршење на меѓународното хуманитарно право, руските окупатори не престанаа да ги блокираат и гранатираат хуманитарните рути“, додаде таа.