Најмалку 10 луѓе загинаа на југоистокот од Мадагаскар во ново тропско невреме кое доведе до поплави, уништени домови и остави голем број жители без струја.
Во еден од најтешко погодените градови уништени се речиси 95 проценти од зградите. Жителите велат дека глетката е како да се бомбардирани.
Циклонот Батсираи го погоди копното во саботата навечер со силен дожд и ветер со брзина од 165 километри на час.
Се проценува дека поради невремето можат да бидат раселени до 150.000 луѓе.
La région de Mananjary, à l’Ouest de Madagascar, dévastée après le passage du cyclone Batsirai pic.twitter.com/oXscFL2plu
— BFMTV (@BFMTV) February 6, 2022