Избраниот претседател на САД, Џо Бајден најверојатно ќе носи ортопедска чизма во наредните неколку недели додека закрепне од скршеницата на десното стапало, која ја добил додека си играл со кучето во домот, рекол денеска неговиот доктор.
Бајден се повредил во саботата, а посетил ортопед во Њуарк, во неделата попладне, соопштено е од неговата канцеларија.
– Првите рендгенски снимки не покажале повреда, но медицинскиот тим наложил да се направи скенер. Со дополнителни анализи пронајдени се мали фрактури на две мали коски во неговото десно стапало, рекол докторот на Бајден Кевин О Конор, а пренесува АП.