недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Чудо во Турција – По 65 часа поминати под урнатините, спасено 3 годишно девојче

ВИДЕО: Чудо во Турција – По 65 часа поминати под урнатините, спасено 3 годишно девојче

Од под урнатините на една зграда во Измир спасувачките екипи извлекоа три годишно девојче, соопштија турски официјални лица.

Три дена по разорниот земјотрес кој погоди западни делови од Турција и делови во Грција, бројот на жртвите порасна на 81, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани од под урнатините на осумте згради во Измир.

На снимките кои кружат на Интернет прикажано е како спасувачите ја извлекуваат 3 годишната Елиф и ја пренесуваат до амбулатното возило.

Девојчето по име Елиф Перинчек е извадена од под урнатините речиси 65 часа по земјотресот, таа е 106 лице кое е спасено од под урнатините и однесено во болница.

Мајката на Елиф, Сехер Дерели Перинчек, нејзините 10-годишни братче и сестричка близнаци Езел и Елзем Перинчек, како и нејзиното седумгодишно братче Умут Перинчек, беа спасени од урнатините 23 часа по земјотресот. Сепак, Умут го загуби својот живот, додека нејзината мајка и братчето и сестричката се на лекување.