Во самиот центар на Париз, утринава избувна голем пожар кој зафатил празни канцеларии во зградa, недалеку од зградата на Париската опера.
Во извештајот на весникот „Паризиен“ се наведува дека во гаснењето на пожарот биле ангажирани 46 противпожарни бригади, a поради истиот било наложено превентивно затворање на блиската метро станица „Опера“ и евакуација на повеќе од 150 лица од околните објекти.
Целата населба била покриена со густ црн чад, а според париската полиција, во пожарот нема жртви.
Малку по 12 часот пожарот бил изгаснат, но од уништената зграда сè уште се извива чад.