четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Гори облакодер во изградба во Кувајт

ВИДЕО: Гори облакодер во изградба во Кувајт

Пожар денеска избувна во облакодер во изградба на Народната банка на Кувајт.

Околу 2.500 работници избегаа од зградата во пламен во главниот град Кувајт.

Банката го опиша пожарот како „делумен” и рече дека пожарникарите изгаснале 90 отсто од огнот.

Засега не се знае причина за пожарот.

Предвидено е зградата на Народната банка на Кувајт да има 62 катови и да биде висока околу 300 метри.