Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија на 27. кат на зградата. На терен се пожарникари од Антверпен кои се обидуваат да го изгаснат огнот.
#brussels #bruxelles #wtc pic.twitter.com/gwStcKxRdC
— Robert Kulcsár (@kulcharrr) August 6, 2020
Според извештаите на медиумите, густ црн дим се издига во воздухот и е видлив од далеку. Командирот на противпожарната бригада информира дека станува збор за голем пожар.
? #BREAKING [?? #BELGIUM] ? A fire has been broken out on the top of the World Trade Center of #Brussels!pic.twitter.com/SL8SVnCYOY
— ISCResearch (@ISCResearch) August 6, 2020
Кулата во моментот не се користи бидејќи се реновира, а во моментот на избувнувањето на пожарот во неа биле присутни само неколкумина работници, кои успеале да се евакуираат на време.