Над 260 лица се повредени кога пропаднал дел од пристаниште на еден музички фестивал кој се одржувал во Шпанија.
Најмалку пет лица се сериозно повредени со скршеници на рацете и нозете и со повреди на главата, а инцидентот се случил во приморскиот град Виго.
Кога пристаништето пропаднало во морето, настанала паника и многу од посетителите паднале во водата едни преку други.
Нуркачите и пожарникарите проверувале дали некој во морето останал заробен.
Шпанските медиуми јавуваат дека до инцидентот дошло кога започнал настапот на музичката хип-хоп ѕвезда Rels B, кој ги повикал посетителите да скокаат.
-Тоа беше најлош момент во мојот живот, вели еден од посетителите на фестивалот.
Истрагата за инцидентот е во тек.
#OMarisquiño pic.twitter.com/XPgnaEui9j
— Common Viguesa (@viguesaposts) August 12, 2018