среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Како Сирија собори 71 од 103 ракети кои ги испалија САД и сојузниците

ВИДЕО: Како Сирија собори 71 од 103 ракети кои ги испалија САД и сојузниците

Сирискиот систем за воздушна обрана, произведен во Советскиот сојуз собори 71 од 103 крстечки ракети, кои САД и нивните сојузници ги испали кон Сирија, изјави денеска генерал-полковникот на руската војска Сергеј Рудској.

Вели дека нема жртви во синоќешните воздушни напади и оти сириските воени објекти, кои беа мета на САД, Велика Британија и Франција претрпеле само мали штети.

Тој потенцира дека Русија може да размисли за испраќање ракетни системи С-300 во Сирија и други земји.

Рудској оцени дека активностите на САД во Сирија биле насочени кон дестабилизиација на ситуацијата во регионот. Тој додаде дека ситуацијата во Дамаск и другите градови во Сирија сега е мина.

Рускиот генерал рече дека сириската армија користела високо ефикасни системи за противракетна одбрана со уништување на сите проектили насочени од четирите клучни сириски воздухопловни бази.