Видео снимка на која момче од Сирија заробено под урнатините бара помош, масовно се споделува на социјалните мрежи.
-Го снимам ова видео, не знам дали ќе преживеам или ќе умрам. Ако ова видео се сподели, можеби значи дека ќе ме пронајдат, вели момчето.
Додава дека никој не можеше да знае низ што поминува, доколку не бил во негова ситуација.
-Не можете да го знаете ова чувство ако не сте го доживеале. Ова можат да го разберат само оние кои еднаш биле под рушевини, додава тој посочувајќи дека во зградата во која живеел имало уште три или четири семејства.
Повици за помош во позадина на видеото се слушаат и од други луѓе кои се заробени.
This Syrian boy records himself from
under the rubble after his home collapsed
due to the earthquake.#TurkeySyriaEarthquake #Turkey #earthquakes #HelpTurkey #syriaearthquake #Turquia pic.twitter.com/42hodIXqOV— Subhan Jamil (@SubhanJamil17) February 8, 2023