сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Лов на јахти – Италија ја заплени најскапата јахта во светот, сопственост на рускиот милијардер Мељниченко

ВИДЕО: Лов на јахти – Италија ја заплени најскапата јахта во светот, сопственост на рускиот милијардер Мељниченко

Италијанската финансиска полиција заплени луксузна јахта во сопственост на рускиот милијардер Андреј Мељниченко, вредна 530 милиони евра.

Луксузната јахта „Sy A“ е заплената на пристаништето Трст, бидејќи рускиот бизнисмен се наоѓа на листата санкции на ЕУ, а која е донесена поради руската инвазија во Украина.

Италијанските власти соопштија дека јахтата е запленета синоќа. Минатата недела властите во Италија запленија вили и јахти на руски милијардери вредни околу 143 милиони евра.