Невремето што го погоди југоистокот на Мексико, во државата Табаско, предизвика проблеми не само со поплавата, туку и со влекачите, така што на улиците пливаат ни помалку ни повеќе, туку крокодили – долги до три метри.
Појавата на крокодилот предизвика шок кај граѓаните, а за тоа сведочат бројни снимки на социјалните мрежи.
Крокодилите не само што се појавија на места со висок водостој, туку беа видени и на места каде што нема повеќе вода.
Локалните медиуми јавуваат дека населението е предупредено да биде екстра внимателно.