вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Млад пејач ја снимил својата смрт, сред пренос во живо на ФБ на него налетал воз

ВИДЕО: Млад пејач ја снимил својата смрт, сред пренос во живо на ФБ на него налетал воз

Поп пејачот од Романија, Тави Пустиу, кој имал само 29 години, загина во железничка несреќа.

Тој во автомобилот бил со сопругата која го управувала возилото додека поминувале преку пругата. Пејач починал на лице место, а неговата сопругата се бори за живот.

На Интернет се појавија видео снимка од секундите пред трагедијата. Имено, Тави правел пренос во живо на Фејсбук, а на снимката се гледа тој како пуши цигара и слуша гласна музика заедно со сопругата додека таа вози.

Телото на починатиот пејач било извлечено од смачканиот автомобил „Форд фиеста“ по интервенција на пожарникарите.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Дел од видео снимките може да имаат вознемирувачка содржина