недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Моменти пред нападот на фестивалот: Младите танцуваат, а параглајдеристите пристигнуваат во позадина

ВИДЕО: Моменти пред нападот на фестивалот: Младите танцуваат, а параглајдеристите пристигнуваат во позадина

Се појавија нови снимки на кои се гледа моментот кога милитантите на Хамас со параглајдер пристигнаа на фестивалот во јужен Израел. Спасувачите рекоа дека на местото каде што се одржувал фестивалот пронашле 260 тела.

Првиот напад започнал токму за време на фестивалот, каде пристигнале многу млади луѓе, а околу 30 лица се сметаат за исчезнати. На снимката се гледаат млади луѓе како танцуваат, додека во позадина се гледаат параглајдеристи кои го напаѓаат просторот на фестивалот. Масакрот набрзо започнува, а младите панично бегаат додека припадниците на Хамас пукаат во нив.