Силни монсунски дождови ја погодија најнаселената пакистанска провинција Пенџаб синоќа и денес, а во катастрофите загинаа 24 лица, а 18 се повредени.
Повеќето од смртните случаи биле предизвикани од пропаѓање на покриви и sидови, изјави портпаролот на службата за итни случаи, Мухамед Асгар.
Многу домови во руралниот Пакистан се направени од кал и слама или лесни дрвја, рече тој. Три лица загинале кога свлечиште оштети рудник за јаглен.
Во главниот град на провинцијата Пенџаб, Лахоре со 13 милиони жители, улиците се поплавени и домовите во најсиромашните делови на градот.
Монсунските дождови прават голема штета низ Пакистан, каде канализационите и дренажните системи се застарени. Смртоносни поплави се случуваат редовно за време на сезоната на монсуни во Пакистан и соседна Индија.