сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: По 149 часа жив извлечен маж кој има епилепсија

ВИДЕО: По 149 часа жив извлечен маж кој има епилепсија

Турските медиуми јавуваат за уште едно чудо на седмиот ден од потрагата по преживеани во Турција, по 149 часа под урнатините, извлечен е маж кој има епилепсија.

Мустафа (35) е спасен во Хатај откако 149 часа поминал под урнатините чекајќи помош.

Турските медиуми пишуваат дека Мустафа има епилепсија и дека прво му била укажана помош додека бил под урнатините.

Откако бил извлечен на безбедно, бил пренесен во болница.


Спасувачките тимови потоа прославиле спасување на уште еден живот гушкајќи се еден со друг.