петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Пожар во облакодер во Менхетен, повредени 38 лица

ВИДЕО: Пожар во облакодер во Менхетен, повредени 38 лица

Најмалку 38 лица се повредени во голем пожар во облакодер во Менхетен, Њујорк.

Пожарот избувнал доцна синоќа на дваесеттиот кат од облакодерот, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на официјални лица.

Повредени се 38 лица, од кои двајца се во критична, а пет во тешка здравствена состојба, додека останатите се здобиле со полесни повреди“, велат пожарникарите.

Официјални лица велат дека пожарот бил предизвикан од литиум-јонска батерија во електричен велосипед.

Тие веруваат дека еден станар поправал велосипеди, најверојатно како дел од неовластена деловна активност.