Најмалку 13 лица го загубија животот и 15 се повредени во пожар кој избувнал во забавен парк во кинеската провинција Шанси, соопшти Министерството за вонредни ситуации.
Сите повредени се примени во болница и нивната состојба е стабилна. Пожарот избувнал во делот од паркот во кој се изложени ледени лампиони и снежни скулптури.
Несреќата се случила на почетокот на осмодневниот национален празник кога се очекува милиони луѓе да допатуваат во Кина.