Колегата на убиениот американски новинар Брент Рено кој е повреден, дал куса изјава додека лекарите го прегледувале.
Новинарот кој се претставил како Хуан Диего Херера Аредондо, како што вели во видеото не знае дали Брент е жив, но видел дека бил погоден во пределот на вратот.
-Го поминавме првиот мост. Видовме бегалци и тргнавме по нив. Ни беше понуден првоз до вториот мост каде требаше да снимаме бегалци. Почнаа да пукаат кон нас. Возачот сврте, видов дека Брент е погоден. Не знам како е, се раздвоивме, вели Хуан кој е повреден во пределот на бутот.
Американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин. Неговата смрт ја потврди шефот на регионалната полиција.
Иако во јавноста се појавија информации дека тој е новинар на Њујорк Тајмс од медиумот се огласија истакнувајќи дека тој во Украина не бил на задача за Тајмс.
-Со големо жалење ја примивме веста за смртта на Брент Рено. Иако порано многу придонесе за работата на Њујорк Тајм, тој не беше на задача во Украина за Тајмс. До забуната е дојдено откако се појави фотографија од прс картичката која ја носел, а му била издадена од Тајмс пред многу години за тогашната задача, велат од медиумот.
🔴🔴 Two American journalist shot by Russian at Irpin bridge. One is under surgery at the main hospital in Kyiv and the other was shot at the neck. pic.twitter.com/9lihX1JJ58
— annalisa camilli (@annalisacamilli) March 13, 2022
Head of the Kyiv Police Department Andrey Nebitov said that Russian troops opened fire on a car with foreign journalists in and shot dead 51-year-old New York Times videojournalist Brent Renaud in Irpin, #Ukraine. His colleague was injured (allegedly in this video) pic.twitter.com/1OT4kdmwXK
— Hanna Liubakova (@HannaLiubakova) March 13, 2022