понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Први снимки од нападот врз Абе, го реанимирале на лице место

ВИДЕО: Први снимки од нападот врз Абе, го реанимирале на лице место

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе денеска беше застрелан од зад грб за време на предизборен собир во градот Нара.

На Твитер се појавија првите снимки од моментот на нападот. По нападот, Абе паднал на земја, а неговите соработници веднаш дотрчале да му пружат прва помош.

Светските медиуми пишуваат дека Абе бил реанимиран, а според првичните информации погоден е во грбот и вратот. Очевидци изјавиле дека тој обилно крварел.

Во свесна состојба бил пренесен во болница, но наводно во меѓувреме ми откажало срцето, а лекарите се борат за неговиот живот.

Поранешниот гувенер на Токио, Јоичи Масузое соопштил дека Абе е во состојба на кардиопулмонарен застој. Овој термин во Јапонија се користи пред смртта да биде официјално потврдена, пренесува Би-Би-Си.

Јапонската полиција соопшти дека е уапсен осомничениот за нападот, 41 годишниот жител на Нара, Течуј Јамагами.

Шинзо Абе беше премиер со најдолг стаж во историјата на Јапонија. Претседател на Владата беше од 2006 до 2007 година и од 2012 до 2020 година кога се повлече поради здравствени проблеми.