среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Што откри Зеленски во интервјуто за руските медиуми кое е забрането во Русија?

ВИДЕО: Што откри Зеленски во интервјуто за руските медиуми кое е забрането во Русија?

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, прв пат од почетокот на руската инвазија на неговата земја, даде интервју за некој руски медиум. Меѓутоа, разговорот со Зеленски во траење од 90 минути што го објави рускиот медиум Медуза, брзо беше забранет од руските власти.

Снимката од интервјуто, сепак, осамна на Јутјуб каналот.

На почетокот од разговорот рускиот новинар го праша Зеленски дали смета дека тој бил главна цел на нападите.

„Слушнав многу приказни за тоа дека е планирана моја елиминација…Сигурно имало неколку обиди од страна на различни луѓе“ – одговри Зеленски додавјаќи дека тој е цел на руските напади од моментот кога Русија почнала да го губи силното влијание врз украинската политика.

„Затоа сега одбраа тактика на освојување на региони. Зошто? Бидејќи ние имавме мнозински изборен систем на парламентарните избори во нашите места. А во регионите, да кажеме, постоеја „окорели“ политичари кои влијаеја на лолалното спроведување на законот, на политиката, на се…Вие може да воведете најдобри реформи, кои едноставно, во тие региони нема да бидат применети. Русите регионално оставија големо влијание и имаат пари да ги „потпомогнат“ тие локални политичари“ – одговори Зеленски.

Украинскиот претседател додаде и дека следен потег на Русија бил обидот за негова елиминација.

„Бидејќи на сила беше вонредна состојба, стабилноста на дрѓавата ја одржува само рпетседателот. Така што единствено решение било моја елиминација“ – истакна Зеленски.